Кои држави се најсиромашни во регионот?
Босна и Херцеговина и Албанија се најсиромашни земји во Европа, покажуваат податоците на Евростат.
Албанија е втора најсиромашна држава во Европа, со приходи по глава на жител од 30% од просекот во земјите на ЕУ.
Полошо од Албанија се живее само во БиХ. Таму приходите по глава на жител се 28% од просекот во ЕУ, додека во сите други земји од регионот животниот стандард е повисок.
„Економската криза го забави приближувањето на Албанија со Европската унија“ - информира телевизијата Топ чанел.
Во извештајот на „Еуростарт“ стои дека од 2004 до 2010 година приходите по глава на жител во однос на просекот во ЕУ се зголемиле за 10%. По 2010 година приходите речиси се „замрзнати“ при што имало раст само од еден процент.
Македонија и Србија приходите се 36% од просекот во ЕУ, во Црна Гора 42%, Романија 57 и Хрватска 58%.
