Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои домашни компании знаат да прават пари од дивиденди на акции, удели и камати?

Кои домашни компании знаат да прават пари од дивиденди на акции, удели и камати?

Вложувањата во акции, удели, депозити можат да бидат многу важен извор на приходи кој знае да влијае врз деловниот успех на секоја компании. Прочитајте кои менаџери најдобро го вложуваат „вишокот ликвидност“...

Вложувањата во акции и удели се одржлив извор на солидни финансиски приходи. Се разбира за тој што знае што е тоа, ги следи тековите и добрите корпоративни практики и се разбира има пари да вложи во акции или удели.

Официјалните податоци на повеќе од седумдесет котирани компании чии акции се тргуваат на Официјалниот пазар на берзата покажуваат дека во првите девет месеци годинава има повеќе од десет компании кои имаат солидни приливи од дивиденди, камати, удели ... И тие се мерат во стотици илјади евра.

Не се само акционери физичките лица. Има компании кои одлучиле вишокот ликвидност да го пласираат во вложувања. Дел од нив се конзервативни и вложувале во државни хартии од вредност и во банкарски депозити, а дел се похрабри па вложувале и во акции. Има и такви кои ги кобинираат безризичните со ризични финансиски инструмени. Секој според вкусовите и стратегијата за вложување.

А резултати има.... анализата на „Фактор“ покажа дека од котираните седумдесетина компании има 13 кои имаат солидни финансиски приходи кои се мерат од 200.000 евра па до 2,4 милиони евра!

Гигантот „Макпетрол“ во првите девет месеци годинава се покажа како компанија со најголеми финансиски приходи во споредба со сите други друштва кои објавуваат податоци на берзата. Импозантни се неговите финансиски приходи – изнесуваат 2,4 милиони евра. Од тоа приходи од вложувања, заеми и курсни разлики се околу 2 милиони евра, околу 410.000 евра се удели во добивката на придружени друштва. Главни дивидендни извори на „Макпетрол“ се командитното друштво за транспорт ОИЛКО во кое нафтениот гигант е најголем акционер. Вредни се да се споменат и неговите акции во „Комерцијална банка“ кои беа купени пред четири години. Во банката „Макпетрол“ поседува нешто над 4отсто од акциите со право на глас.
Стратегијата на „Макпетрол“ покажа дека вложувањата во акции можат да бидат и тоа како доходовни.

Градежниот мастодонт „Гранит“ високо котирана на листата компании што имаат приходи од дивиденди изразени во милиони евра. Повторно од акции во „Комерцијална банка“. „Гранит“ од своите финансиски вложувања за првите девет месеци има поврат од 1,3 милиони евра. Во огромна мерка тоа се пари од неговите акции во таа банка. Дивидендата беше исплатена ова лето.
Поранешниот текстилен гигант „Тетекс“ е шампион за инвестирање во хартии од вредност. „Тетекс“ е најголем акционер во ТТК Банка (поседува над 40% од акциите н.з.), а има приливи и од удел во добивка на придружени друштва. Сума сумарум „Тетекс“ за првите девет месеци има прилив од финансиски вложувања вреден 1,08 милиони евра.

Македонски Телеком во првите девет месеци има финансиски приходи во вредност од 1,03 милиони евра.

Транспортната компанија ОИЛКО во која „Макпетрол“ е мнозински газда исто така имаше одличен прилив од дивиденди. Парите дојдоа од акциите во фирмата-мајка „Макпетрол“. Износот е 836.000 евра, а основот е дивиденда од акции.

„Македонијатурист“ е компанија која во финансиската јавност важи за „финансиски трезор“. Компанијата во депозити, орочени влогови, акции, удели во фондови чува над 20 милиони евра. За првите девет месеци финансиските приходи од дивиденди, удели во добивка и камати изнесува 742.000 евра. Со тие пари „Македонијатурист“ е единствена туристичката компанија која книжи добивки во време на корона....

Еве ја листата на сите компании кои во првите девет месеци годинава имаат финансиски приходи повисоки од или еднакви на 200.000 евра:

*единствена компанија со приходи остварени од „останати приходи од финансирање“

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести