Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои директори на банки се на тапет кај финансиската полиција?

Кои директори на банки се на тапет кај финансиската полиција?

Директорот на Финансиската полиција, Арфат Муареми, откри дека на тапет на оваа институција се некои директори на комерцијални банки кои се сомничат дека незаконски давале кредити на неколку компании изминатите години, рече тој во неговото синоќешно гостување во емисија на ТВ21.

„Во тек е истрага врз директорите на банките кои давале кредити на приватни компании, за нивни лични придобивки“, наведе Муареми во „Click Plus“. Тој додава дека истрагата е во тек.

Додаде дека неговата проценка е дека само во 2013-та околу 200 милиони евра преку трансакции во и надвор од Македонија се исперени.

Тој додава дека отворен е процес на истрага и во Македонија и во странство, а во игра се злоупотреби на фалсификувани документи.


Слично

Поврзани вести