Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои десетина општини ќе ги посети мобилниот шалтер на УЈП?

Кои десетина општини ќе ги посети мобилниот шалтер на УЈП?

Во месец септември мобилниот шалтер на Управата за јавни приходи ќе посети десетина општини.

На 6 септември ќе го посетат Јегуновце, на 7 Теарце, на 12 Желино, на 14 Чашка, на 20 Пласница, на 22 Центар Жупа, на 22 исто ќе бидат во Лозово, на 23 во Зрновци, на 26 во Карбинци и на 29 септември пак во општина Лозово.

Средбите во населените места се од 10 до 15 часот, со исклучок на Пласница и Центар Жупа каде ќе бидат од 10 до 14 часот.

Со трите специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси.

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично,  како и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.

Слично

Поврзани вести