Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои цени на угостителски услуги се поскапени?

Кои цени на угостителски услуги се поскапени?

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2016 година, во споредба со август 2016 година, остана на исто ниво. 

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите алкохолни пијалаци за 0.2%, безалкохолни пијалаци за 0.2% и ноќевања за 0.1%. Кај слатките поскапувањето е помало. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- септември 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година е зголемен за 0.2%.


Слично

Поврзани вести