Кои биле најчести туристи во Македонија пред Нова година?
Вкупно 20.290 странски туристи ја посетиле Македонија во декември минатата година, а оствариле 41.129 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Ова е зголемување на бројот на странски туристи за 21% во споредба со претходната година.
Од нив, најбројни биле Грците 3.933, потоа Бугарите 2.617, Србите 2370, Турците 1907 и Албанците 1868. Најмногу туристи го посетиле Скопје 10.651, туристичките места во земјата 7.372, планинските 4.221 и бањите 1.443 туристи.
Вкупниот број на туристи (и домашни и странски) во декември 2013 година изнесува 33.679, а бројот на ноќевањата изнесува 69 024. Но, бројот на домашните туристи во декември 2013 година, за разлика од странските, се намалил за 8,5 отсто во споредба со декември 2012 година.
Слично
