Кои беа најтргувани акции на Македонската берза?
Најтргувани акции беа оние на Стопанска банка Битола со промет од 2,62 милиони, како и акциите на Алкалоид со вкупен промет од 1,59 милиони денари.
На Македонската берза вчера имаше пад на индексот МБИ10 од 0,25 %, со вкупен промет од над 18 милиони денари.
Индексот ОМБ вчера порасна за 1,09 %, од кои најтргувана повторно беше обврзницата од новата емисија со промет од 12,8 милиони денари при што беа истргувани 224.397 лотови по просечна цена повторно од 92,50 % од номиналната вредност.
Најголем пораст имаше акцијата на Стопанска банка Битола од 9,58%. Кај губитниците најмногу од својата вредност изгубија акциите на Гранит АД со пад од 6,87 %.
Слично
