Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои банки даваат најдобри камати на депозити во Македонија?

Кои банки даваат најдобри камати на депозити во Македонија?

Платформата за „споредба на податоците од банките и штедилниците за кредитите и депозитите за физичките лица“ на Народна банка дава можност на дневна основа да се види кои комерцијални банки во земјата нудат најголеми камати за штедните влогови на граѓаните.

Депозит со фиксна каматна стапка во денари орочен на 36 месеци е највисоко вреднуван кај УНИ Банка. Каматната стапка за стандарден депозит кај оваа банка е 3 отсто, а кај Силк Роуд банка висината достигнува до 3,10 отсто. Следува АЛТА банка со 2,60 отсто за „Орочени денарски депозити на 36 месец“. Во врвот е и ТТК банка со номинална каматна стапка одредена на 2,55 проценти.

Кај Капитал банка класичниот депозит носи каматна стапка од 2,50 отсто, додека кај Комерцијална банка, под истите критериуми,каматата е 2,30 проценти. Халкбанк нуди 2 отсто за депозит со „рочна или месечна исплата на камата; без можност за дополнителни уплати и исплати“, а ако има уплати и исплати таа варира од 1,60 и 1,80 во зависност од висината на депозитот.

Кај Стопанска банка каматната стапка варира од 1,75 до 1,90 отсто во зависно од типот на клиентот, додека кај НЛБ банка таа изнесува 1,60% со можност да достигне до 1,80% во зависност од тоа за каков клиентот се работи и колкав е влогот.

Во земјата популарни се и депозитите со фиксна каматна стапка орочени на 6 месеци во денари. Номинално, кај најголемите банки во земјата е од 0,10 до 0,20 отсто каматната стапка. Кај Халкбанк и АЛТА банка тие се 0,25, односно 0,30.Кај Централна кооперативна банка и Уни банка пријавената номинална капатна стапка во регистарот на Народна банка е 0,20 проценти. Во моментов кај Силк Роуд банка и кај Капитал банка тековно е 2,50. Кај некои банки промотивно се нудат и повисоки каматни стапки.

„Податоците за надоместоците за кредитите и депозитите се од финансиските институции, коишто се одговорни за нивната точност, веродостојност и за редовното ажурирање“, напоменуваат од Народна банка за споредбата на податоците.

А.К.


Слично

Поврзани вести