Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои 6 работи треба да ги знаете кога купувате нов климатизер?

Кои 6 работи треба да ги знаете кога купувате нов климатизер?
Веќе една деценија климатизерите стануваат стандарден  уред кој што се користи  за да се задоволат потребите  за  греење и   ладење.Така  од година во година ,  понудата на климатизери е се  поголема ,па можеме да најдеме клима уреди со различна цена , со различна  моќност или капацитет ,различна енергетска ефикасност,  бренд…итн. Тогаш одлуката за купување на одреден модел,  станува уште   потешка и посложена. Како да го одбереме  вистинскиот  уред ,кој што ќе ги  задоволи нашите потреби? За тоа  кои параметри  треба да се знаат  објаснување ни даде   дипл.маш.инжинер  Билјана Столиќ од  ИЦС ГРУП. Капацитет или моќност  на климатизерот  ( kW) Потребниот капацитет   или моќност што треба еден климатизер да го  задоволи, наједноставно може да го пресметаме  ако бројот на квадратни метри  простор, што сакаме да го загреваме ќе  го  поделиме  со 10. На ова  секако дека треба да се земат во предвид и следниве   параметри  :топлинската изолација на куќата или станот, положбата на просторијата   ( север –југ), бројот и квалитетот на застаклените површини во просторот,бројот  на електрични уреди во просторијата  како и бројот на луѓе кои ќе го користат климаризираниот простор. daikin-b3Секој купен климатизер со помал капацитет, нема да биде во можност ефикасно да ја разлади или загрее предвидената просторија, додека  од друга страна  преголемиот по моќност клима уред  во  текот на своето работење   ќе има почести интервали на вкључување и искључување, при  што настанува непотребно растурање  на самата енергија. Сето ова влијае и треба да се  знае при изборот на   моќноста односно капацитетот  на еден клима уред. Коефициент на Енергетска ефикасност   – СОР/ ЕЕR Втор важен параметар при избор на моделот на  клима уредот ,се коефициентите  на енергетска ефикасност ЕЕR или СОР. Енергетската ефикасност   преставува сооднос на потрошена  или вложена  електична енергија,спрема  добиената  топлинска  или разладна енергија. EER ознаката го означува односот на потрошена електрична енергија спрема  добиениот ладилен ефект  , додека COP ознаката го означува соодносот на потрошената  електрична енергија   спрема добиената топлинска  енергија. Колку  EER или COP е  поголем , толку  и енергетската ефикасност на некој уред  е поголема . За висока енергетска ефикасност може да се разговара  само кај инвертер клима уредите. Emura 5Затоа  најдобро е  да се одлучиме за купување на  инвертер  климатизер кој што има вградено инвертер мотор и има   големи коефициенти на заштеда или енергетска ефикасност   на пр.   COP  од 3-5. Со други зборови кажано , доколку коефициентот на греење  СОР  изнесува 3, тоа значи дека  за потрошен 1kWh  електрична енергија  добиваме 3 kWh топлинска енергија. Исто така  голема предност на инвертер климатизерите е  можноста   да работат и тогаш кога надворешната температури опаќа  и до -15 С● а притоа  се потрошило  и до 40% помалку електрична енергија во споредба со стандардните климатизери. Класи на енергетска ефикасност -          -  -Според Правилникот за означување на енергетската ефикасност на куќните апарати, се воведоа  енергетски класи  за  сите електрични уреди.    Целта на овие  енергетски класи е симболично  да се информира купувачот за тоа колку ефикасно се искористува електричната енергија кај одреден уред, кој што се продава на пазарот.Кај климатизерите постојат седум различни степени на енергетска класа  -   од A до G. Најефикасните електрични  уреди се оние кој што се во А класа, додека од друга страна  уредите   кој што се во G класа се најнеефикасни. Додека зелената боја на етикетата означува “повеќе енергетски ефикасен уред”, а црвената боја означува “помалку енергетски ефикасен уред”. Трите  дополнителни класи (А+, А++, А+++) може да бидат додадени кон класификацијата  кај некои клима уреди. Тоа се должи поради  брзиот технолошки развој  ,така што некои  климатизери имаат   вградено пософистицирана опрема во себе. Од оваа класификација може да се заклучи дека , оние уреди кои  што се наоѓаат во повисока класа,  даваат повеќе топлинска или разладна енергија за потрошен 1 kWh на електрична енергија. И на крај  доколку се сака на новокупениот клима уред да му се осигура  долг и ефикасен век на  траење , треба да се имаат во предвид и следниве работи: - монтажата на клима уредот пожелно е да се  препушти на стручни и компетентни лица за таа работа , и по препорака на инсталатер,  истиот да се постави    во некој  неутрален  дел од просторијата . - максимална препорачана разлика  на надворешната и внатрешната температура, кога клима уредот се користи за ладење да биде до   6 ºC, бидејќи поголеми разлики на температурата може да доведат до сериозни здравствени последици , а секако и непотребно ќе се троши електрична енергија. - И на крај  редовното  сервисирање  и редовното  чистење и менување на филтрите  се гаранција за  добра работа на клима уредот. За повеќе информации кликнете ТУКА
Слично

Поврзани вести