Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои 20 професии доминираат во Европа?

Кои 20 професии доминираат во Европа?

Пазарот на трудот во Европа се менува брзо - технолошките иновации и недостигот на квалификувани работници ја трансформираат побарувачката. Најновите податоци откриваат кои сектори и занимања се најбарани во водечките европски економии.

„Еуроњуз бизнис“ ги анализираше 20-те најбарани професии врз основа на податоци од глобалната платформа за вработување Indeed, која ги опфаќа пазарите на Велика Британија, Германија, Франција и Холандија, во периодот од март до мај 2025 година.

Менаџерските позиции, работа за инсталација и одржување се постојано меѓу првите пет во сите четири земји, што ги прави најбарани работни места во Европа.

Работните места за инсталација и одржување сочинуваат 14,5 отсто од огласите во Германија (најголем удел), 9 отсто во Холандија (второ место), 6,9 отсто во Франција (четврто место) и 5,7 отсто во Велика Британија (петто место).

Одржувачите извршуваат широк спектар на поправки на инфраструктура, опрема и алатки, обезбедувајќи непречено функционирање на различни сектори. Поради универзалната потреба за овој профил, оваа професија се смета за стабилен кариерен избор.

Инсталаторите инсталираат системи и уреди во компании и домаќинства, а побарувачката за нив е голема во различни индустрии.

Менаџерските позиции сочинуваат 10,2 отсто од огласите во Велика Британија (второ место), 10,1 отсто во Холандија (прво место), 7,6 отсто во Франција (трето место) и 6,4 отсто во Германија (четврто место). Огласите за продажба сочинуваат 9,9 отсто во Германија (второ место), 9,2 отсто во Франција (прво место), 8,5 отсто во Холандија (трето место) и 6,7 отсто во Велика Британија (исто така трето место).

Indeed нагласува дека повеќето компании зависат од квалификувани продажни тимови за да генерираат приходи и да постигнат раст.

Секторите за храна, администрација, софтвер и здравствена заштита се исто така на врвот.

Секторот за подготовка и послужување храна бележи високи удели:

10,4 отсто во Велика Британија (највисок меѓу сите сектори),

7,8 отсто во Франција (второ место),

5,9 отсто во Холандија.

Административната поддршка е исто така многу барана:

7,2 отсто во Германија,

4,7 отсто во Велика Британија,

4,4 отсто во Холандија,

3,6 отсто во Франција.

Развојот на софтвер е шести по побарувачка.

Понатаму се редат лекари, чистачи, наставници, грижа за деца, сметководство, градежништво и друго. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести