Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОХА: Не се знае дали пензионерите со два матични броеви гласале два пати

КОХА: Не се знае дали пензионерите со два матични броеви гласале два пати
Повеќе од 5.000 пензионери имаат по два матични броја и не се знае дали истите можеа да гласат два пати, пишува Коха. Во оваа листа, која уште ја нема Државната Изборна Комисија, околу 60% од пензионерите со по два матични броеви се Македонци, додека 40% се Албанци. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека има граѓани, меѓу кои и пензионери, кои ги промениле матичните броеви, но дека е невозможно едно лице да поседува два матични броја,  еден активен и еден пасивен. „Овие денови ќе го потврдиме ова што го велите и после тоа ќе има објаснување за јавноста„ - велат од МВР за весникот Коха. Весникот КОХА во иднина ќе ги истражува причините за овој голем број на пензионери со по два матични броеви, како и дали овие лица гласале некогаш по два пати.
Слично

Поврзани вести