Кого Силјановска го сака за противкандидат?
Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова вечерва во интервју за Само вистина на Канал 5 изјави не размислува за противкандидатите, и дека тоа е работа на партиите.
Кажа дека ќе води позитивна кампања и дека кон секого ќе се однесува со почит.
Рече дека таа не може да биде дел од „црна кампања“.
Сепак, во однос на противкандидатите рече дека најмногу го познава Димитров.
За реформи, кажа дека не гледа такво нешто и дека допрва Македонија ја чека многу работа. За младите кои се селат, рече дека не го прават тоа само заради пари, туку и затоа што погрешни луѓе се на погрешни места, а партијата е поважна од знаењето.
Слично
