КОГА ЗЕМЈАТА ИМА МОРЕ: 200 000 работни места повеќе
Стапката на невработеност во Шпанија паднала во вториот квартал на 20 отсто од 20,9 отсто од првите три месеци годинава, покажале официјалните податоци.
Бројот на невработени во периодот април - јуни е намален за 216.700, на 4,6 милиони, се наведува во соопштението на шпанксиот институт за статистика.
Сезонските работи во секторот на туризмот и угостителство традиционално помагаат во соборување на невработеноста во вториот квартал, наведува агенцијата АП додавајќи дека најновите податоци се позитивна вест за техничкиот премиер Маријано Рахој кој трага за подршка како би останал на таа функција.
Слично
