Кога Вучиќ ќе ја формира новата влада?
До 16 јуни Србија ќе ја добие новата влада по преговорите за коалиција следната недела.
Ова денеска го соопшти Александар Вучиќ, кој го доби мандатот за формирање на новата влада.
Вучиќ и коалицијата, предводена од неговата Српска напредна партија, победија на изборите во април со 48,24% од гласовите. Со тоа обезбедија доволно мнозинство од 131 пратенички мандати во 250-члениот српски Парламент.
Вучиќ сака да привлече уште еден коалициски партнер, кој со него ќе ја сподели одговорноста за непопуларните реформи, како кредитот од 1,2 милијарди евра од Меѓународниот монетарен фонд и преговорите за членство во Европската Унија.
Вучиќ закажа предвремени избори за да ги зацврсти своите позиции и да си обезбеди нов четиригодишен мандат, за земјата да ја одведе до ЕУ до 2020 година.
Вучиќ не прецизираше дали повторно ќе влезе во коалиција со социјалистите, како што се очекува. Иако претходната влада беше стабилна, во двете години на нејзино владеење се појави напнатост меѓу партијата на Вучиќ и социјалистите, кои инсистираа на поблиски врски со Русија и понекогаш се спротивставуваа на политиката на строго штедење, што ги спроведуваше Вучиќ.
Крајниот рок за формирање на владата е 15 септември.
