Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koга стигнуваат парите од ЕУ за справувањето со енергетската криза?

Koга стигнуваат парите од ЕУ за справувањето со енергетската криза?

Идниот месец Македонија ќе ги добие парите од Европската Унија (ЕУ) за справувањето со енергетската криза. 

Како што објави министерот за економија, Крешник Бектеши, 80 милиони евра финансиска поддршка од ЕУ за енергетската криза се очекува да пристигне на почетокот на февруари.

„Денеска во Брисел остварив билатерален состанок со еврокомесарката за енергетика на Европската Унија, Кадри Симсон. Се заблагодарив на Европската унија за финасиската поддршка од 80 милиони евра за справување со енергетската криза кои се обезбедени на Северна Македонија, од кои првата транша од 72 милиони евра очекуваме да биде исплатена во првата недела од февруари. Овие пари се наменети за мерки за поддршка на домаќинствата и малите потрошувачи за справување со енергетската криза. Исто така, ја информирав еврокомесарката дека од почетокот на годината по потпишување на договор помеѓу Северна Македонија и Бугарија за зголемување на количините на гасоводот помеѓу двете земји се отвори можност земјата да се снабдува со гас од повеќе извори со што се намали зависноста од рускиот гас. Во таа насока ќе започне изградбата на Интерконекторот за гас со Грција со што целосно ќе се овозможи диверзификација за снабдувањето со гас на земјата од повеќе извори. За 2023 година во буџетот за справување со енергетска криза и за мерки за поддршка вкупно се предвидени 225 милиони евра“, информира Бектеши. 
Помош ќе добијат и другите земји од регионот за справувањето со енергетската криза. 

Слично

Поврзани вести