Кога сонот станува реалност: Не можам да исклучам дека еден ден ќе станам премиер!
Георг Чемерикиќ е момче кое има прилика да ги реализира своите соништа. Ќе студира на Универзитетот Бокони, кој е на листата најуспешни бизнис универзитети во светот. Таму е примен со целосна стипендија. Своето образование го стекнал во НОВА од каде вели ги добил најдобрите животни и образовни лекции. „ Нова ме научи дека треба да ги почитувам сите луѓе околу мене и да градам сензибилитет кон сите светски култури, бидејќи сите луѓе се еднакви и сите заслужуваме меѓусебна почит. Покрај академските придобивки, Нова исто така ми го прошири хоризонтот и ми овозможи да разгледам секакви опции за мојата иднина, една од тие беше и Бокони.“- истакнува Чемерикиќ
Фактор Какви се амбициите, кои се очекувањата од идниот студент на Универзитетот Бокони во Италија?
Чемерикиќ Моите амбиции се првично да се стекнам со знаење во полето на економијата преку универзитетот Бокони, па потоа да го употребам тоа знаење за некоја поголема цел, односно за мојата идна работа.
Фактор Универзитетот Бокони во Италија важи за еден од најдобрите 25 образовни институции во светски рамки, кога е во прашање бизнисот, економијата,финансиите, сметководство. Ти си примен со целосна стипендија. Што беше пресудно да се одлучиш за студирање на овој универзитет?
Чемерикиќ Пресудна за мојата одлука беше посетата на Милано; навистина ми се допаѓа градот, како и самиот универзитет; квалитетот на наставата во Бокони е врвна и како што кажавте важи за еден од најдобрите универзитети во светот во поглед на економијата. Условите кои ми се овозможени се исто така беспрекорни па навистина немав некоја дилема при одлуката.
Фактор На овој универзитет студирал еден од поранешните премиери на Италија - Марио Монти. Па, со оглед на тоа дека во моментов во Македонија, политиката е во центарот на целокупното внимание, дали можеби посакуваш и ти, да станеш идниот македонски премиер кој своето образование го добил на истиот факултет како Монти?
Чемерикиќ Во моментов не гледам дека мојата кариера ќе оди по тој пат, но не знам што ќе се случува во иднината, затоа не ја отпишувам целосно таа можност.
Фактор Сакаш фудбал. Манчестер Јунатејтед или Манчестер Сити, чија игра повеќе ја почитуваш?
Чемерикиќ Манчестер Јунајтед е мојот фаворит. Тоа е клуб кој има богата историја, важи за еден од најголемите клубови во светскиот фудбал... J Јас навивам за Јунајтед од 2ро одделение.
Фудбалот е страст која ја негува ова момче кое своето образование го стекна во НОВА, а сега ќе го надградува на Универзитетот Бокони. Гордо ни откри дека од домашните фудбалски клубови, навива за Вардар.
Фактор Имаш ли свој идол? Постои ли некој лик на кој му се восхитуваш?
Чемерикиќ Сум имал некои омилени фудбалери. Но идол во мојот живот, немам. Се обидувам да бидам свој, па токму од тие причини не би сакал да идеализирам никого.
Фактор Кој е всушност Георг? На кои свои особини си особено горд, а што од своите лични одлики сметаш дека ти е слаба страна?
Чемерикиќ Горд сум затоа што секогаш размислувам пред да одлучам, посебно пред да направам или кажам нешто. Токму зато сум горд на мојата трпеливост како моја добра карактерна црта. Слаба страна ми е повремената неодговорност која се надевам дека во иднина ќе ја надминам.
Фактор Каква е во моментов твојата стратегија за иднината? Каква е твојата визија? Имаш ли свои цели кон кои ќе се насочиш?
Чемерикиќ Мојата стратегија е да одам чекор по чекор и да не гледам предалеку во иднината. Но, сепак имам цел да бидам успешен во животот и во своето работно поле.

Слично