Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога сите мислеа дека ќе потоне биткоинот се покажа премногу „жилав““

Кога сите мислеа дека ќе потоне биткоинот се покажа премногу „жилав““

Биткоинот неделава има вистинско лудо возење со постојано флуктуирање на вредноста, но и прикажа огромна жилавост во критичните моменти кога Федералните резерви на САД ја зголемија стапката на камата за 25 основни поени. Тоа доведе до пад на вредноста на биткоинот за околу 500 долари.

Сепак, следеше идеален одговор од страна на британската биткоин компанија Bitmain која воведе нови правила за „копање“ на криптовалутата со што доби дополнителна вредност. Исто така помогна и проценката на аналитичарката Шеба Џафари од банката Голден Сакс со порака дека биткоинот иако има моментален пад нема да оди под 1915 долари со средна вредност од 2330 долари. 

Тоа се покажа како многу прецизно и не дојде до паничење кај инвеститорите па така сега вредноста на биткоинот изнесува 2520 долари со раст од 3,5%.


Слично

Поврзани вести