Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога пожарот повторно ќе дојде, каде ќе бегаме?

Кога пожарот повторно ќе дојде, каде ќе бегаме?

Колумна на Јанис Бабоулиас за „London rewiev of books“ објавена на 26. 07. 2018 година.

Секое лето во Грција избиваат голем број пожари, особено планините околу Атина, каде што годинава имаше повеќе пожари. Но, овие информации не стигаа до регионалните медиуми, се додека едно утро тие не станаа централна вест како на локалните, така и на светските медиуми. Кога се разбудив во вторникот наутро, бројката на загинати беше 50, до вечерта 60, а наредниот ден веќе 74. Денес нивната бројка е околу 100 лица.

Грција нема катастар, ние всушност не знаеме кој што поседува. Па така, кога шумата ќе изгори, а вие изградите имот, станувате сопственик на тоа земјиште. Градежните фирми без проблем добиваат дозволи за градба. Од 2014 година до сега имаше 4. 000 апсења поради подметнување на пожари. Од нив само 700 беа на судење, а од тие 700 само еден човек доби затворска казна. Од последниот пожар, осомничени се пет лица.

Местото Мари (на грчки значи око) порано беше шума. Почнувајќи од 50-тите години започнаа урбани градби, а голема вмешаност имаа и различните политички гарнитури (вклучувајќи ја и сегашната), па граѓаните кои живеат на тоа место, не се свесни на кој начин се стекнати парцелите.

Затоа тие сега ги поставуваат следните прашања: Каде е државата? Каде е инфраструктурата? И тогаш доаѓаме до вториот заклучок: Десет години политика на строго штедење доведе до ниво пожарникарите да се ангажираат сезонски, а понекогаш и самите си ги купуваат чизмите. Буџетските заштеди во комбинација со недостатокот на координација во првите часови од избивањето на пожарите, резултираше со човечки жртви.

По улиците на Мати може да се забележат стопени алуминиумски делови, кои се топат на температура од 650 степени. Пожарникарите тешко може да се справат на толку висока температура. Пожарите се гасеа кога ќе стигнеа до морето или пак сами од себе.

Месецот владееше суша, имаше високи температури, а дуваше и силен ветер, кој ширеше пекол низ градот каде што луѓето се обидуваа да извлечат жива глава. Дел од жртвите живееја на 30 метри од морето. Како е тоа возможно? Нерегулираната градба резултираше со голем број слепи улици, тесни сокаци и недостаток на план за евакуација. Пристапот до морето е ограничен поради оградите на имотите на богатите. Локалните жители се пожалија дека некогаш кружат со часови за да најдат пристап до морето. На едно место беа најдени 26 луѓе, кои не можеле да најдат начин да ја преминат оградата.

Ќе има уште вакви пожари. Климатските промени придонесуваат за поголема суша. Во Грција овој проблем не се разгледува сериозно, бидејќи секојдневниот живот е и онака тежок. Но се поставува прашањето: Кога пожарот повторно ќе дојде, каде ќе бегаме?


Слично

Поврзани вести