Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога политичарите се караат, Apple користи!

Кога политичарите се караат, Apple користи!
Американскиот технолошки концерн Apple повторно почна да продава онлајн производи во Русија. Една недела откако компанијата со седиште во Cupertino ја прекина привремено продажбата за земјата, сега клиентите нејзини во Русија повторно можат легално да купуваат преку продажната мрежа на iPhone-и и iPad-и. Но има мал детал - цените се зголемени за околу 30%. Цената за iPhone 6 започнува од околу 54 000 рубли (760 евра) - со 14 000 рубли (35%) повеќе отколку пред една недела и со 22 000 рубли над цената од крајот на ноември. Потсетуваме дека поради економската криза во Русија американскиот технолошки концерн ја прекина пред една недела локалната онлајн продажба. Причината се наглите промени во курсот на рубљата, објасни компанијата. Онлајн продавницата е главниот директен контакт на Apple со руските корисници. Иако Apple продава смартфони и таблети преку некои руски оператори и трговците, компанијата не располага со сопствени продавници во земјата. Продажбата во Русија ја сочинуваат мал дел од уделот на Apple во однос на iPhone 6 и 6 Plus, кои беа пуштени во продажба во текот на оваа година. Продажбата на iPhone во земјата се интензивира минатата година до 1,57 милиони единици, со што вметнуваат во касите на компанијата околу 1 милијарда долари, покажуваат податоците на истражувачката компанија IDC. Општо земено Apple доставил во 2013 година 153,4 милиони iPhone-и, појаснува IDC. До крајот на ноември Apple се воздржуваше да ги зголемува цените на iPhone во Русија, иако цената беше најниска во Европа - за околу 700 долари. Ова ги натера туристите од други земји да купуваат iPhone-и во Москва. Тогаш Apple ја зголеми цената на iPhone 6 со 16 гигабајти меморија до 39,990 рубљи во споредба со претходната цена од 31, 990 рубљи. Apple ја следи одблизу вредноста на валутите. Така на пример во октомври главниот финансиски директор Лука Местре објасни пред аналитичари дека зголемениот долар веќе имал некое влијание врз резултатите на компанијата во последниот квартал, но сега може да се претвори во "значителен противтежен ветер". K.K.
Слично

Поврзани вести