Кога планот за иднината ќе пропадне, животот плете тажни приказни!
Сè што е овде е импровизирано. Фотографот Јанис Бехракис помина неколку дена со бегалците во грчкиот пристанишен град Патра, вратата на Грција со остатокот на Европската унија. Тие живеат во илегала и се обидуваат да влезат на ферибот, со кој сакаат да заминат за Италија.
Ситуацијата на бегалците од Африка и Азија во Грција е катастрофална. Земјата, која поради тешката економска и фискална криза има доволно други проблеми за решавање, не располага со функционален систем за прием на бегалци, оценува невладината организација "Лекари без граници".
Само пред една недела стана јасно дека грчките власти спасиле 192 имигранти, меѓу кои и десетици мали деца, во близина на брегот на островот Крит. Бегалците се изјасниле дека се Сиријци и Палестинци, а по апсењето се сместени во градот Ханја. Полицијата трага по рускиот капетан на бродот, со кој имигрантите патувале за Италија. Секој од нив платил по 5.500 евра. Сумата за околу 50 деца на возраст од 3 до 6 години била за половина пониска.
Вкупниот број на дојденците во земјата е непознат дури и за грчките власти. Некои пресметки ги проценуваат на скоро 3 милиони, што го прави речиси 30% од населението на Грција!
Најголемиот дел од оние кои ќе одлежат зад решетките во грчките затвори или ќе го поминат периодот за азил, а не успеале да се качат на ферибот за Италија, патот го продолжуваат на север.
Грчката полиција не прави проблем и им дозволу да ја преминат границата со Македонија. Од нивите во Гевгелиско бегалците наоѓаат разни начини за транспорт. Оние кои имаат пари наоѓаат таксисти кои илегално ќе ги однесат до српската граница, но оние кои ги изгубиле своите средства за пат тргнуваат пеш. Најлесно им е да се движат по железничката пруга, поради сигурноста во тоа дека нема да се изгубат, но тука лежи најголемата опасност. Голем дел од нив ги губат животите на пругите кои се на тешко прооден терен без можност за бегство доколку наиде воз.
Според официјалните бројки секој ден околу 200 бегалци се откриваат од пограничните служби во Македонија, но бројот на оние кој успеваат да се сокријат е многу поголем.
K.K.

Слично