Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КОГА ПАСОШОТ СЕ ПРЕДАВА, АВТОМОБИЛОТ СЕ ПАРКИРА ВО ДЕСНАТА ЛЕНТА И ВЛЕГУВА...“ Младен детално опиша како изгледа системот EES во пракса на Евзони, на влезот во Грција

„КОГА ПАСОШОТ СЕ ПРЕДАВА, АВТОМОБИЛОТ СЕ ПАРКИРА ВО ДЕСНАТА ЛЕНТА И ВЛЕГУВА...“ Младен детално опиша како изгледа системот EES во пракса на Евзони, на влезот во Грција

Во популарна Фејсбук група посветена на љубителите на Грција и летувањето во таа земја, еден од членовите сподели како во пракса функционира системот за електронска евиденција на влез и излез (EES) на грчката граница – каде се застанува, како се земаат отпечатоци од прсти и како изгледа фотографирањето пред преминување на границата.

„Кога ќе се предаде пасошот, автомобилот се паркира во десната лента, а патниците влегуваат во ходник пред канцеларијата на граничната полиција. Има две машини за фотографирање и оставање отпечатоци од прсти, па истовремено се обработуваат по две лица од една колона автомобили“, напишал членот на групата.

Тој додава дека постапката не трае долго и завршува релативно брзо, но сепак го удвојува времето потребно за премин во споредба со класичната пасошка контрола, со дополнително паркирање и излегување од возилото.

„Сето тоа изгледа тешко изводливо во шпицот на сезоната, во јули и август, кога гужвите се огромни“, наведува тој.

Во објавата се посочува и интересен детал – фотографирањето не било побарано при влез во Грција, туку при излез од земјата.

„Го прашав цариникот и тој ми потврди дека овој вид идентификација важи за цела Европа. Лично, ми делува како да сум се фотографирал за електронска лична карта на ЕУ“, додава членот на групата.

Курир.рс

Слично

Поврзани вести