Кога обезбедувањето станува уредник на програмата, се случува 103-ка!
Упад во 103 ка или обезбедувањето само си ја вршело работата. Оваа дилема се наметна во јавноста откако протекоа снимки на Јутјуб, во кои се гледа како човек од обезбедувањето на МРТВ бара од водителот да ја прекине програмата на емисијата.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=4p6pCVBTOVw[/embed]
По ова се огласи фирмата што ја обезбедува зградата на МРТВ. Велат, само си ја вршеле работата.
И Македонската радио-телевизија најостро ги демантираше тврдењата во јавноста дека направила упад во програмата на радиото Канал 103.
- Радиото Канал 103 емитува програма од објектот на Македонската радио телевизија и МРТ нема никаква формална, организациска и програмска допирна точка со истото. Оттаму, уште еднаш се оградуваме од вчерашниот настан. Ниту МРТ, како институција, ниту некој нејзин вработен е дел од истото случување, велат од службата за информирање на јавниот сервис.
Генералот Стојанче Ангелов, пак денеска повторно влезе во МРТ и повторно на обезбедувањето му ги предаде материјалите од бомбите. Побара тие да бидат предадени на уредништвото и побара информација од обезбедувањето кој упаднал во студиото на Канал 103.
Пред МРТ беше забележлибо поголемо присуство на полиција.
Тој повика утре за помасовен собир и поддршка од сите граѓани за ослободување на МРТ од цензурата и враќање на телевизијата како сервис на сите граѓани кои секој месец плаќаат за тоа.
Слично
