Кога Коѕијас ќе дојде во Скопје?
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на 22 март, ќе пристигне во Скопје во дводневна посета, пишува грчкиот весник „Та неа“.
Во фокусот на предлозите за кои што ќе се разговара ќе се најде и прашањето со Уставот и начинот на имплементација на договорот за да се дозволи доделување датум за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ и покана за членство во НАТО на самитот во јули, дополнува весникот.
Од македонското МНР за ТВ 24 ја потврдуваат посетата на грчкиот шеф на дипломатијата следната недела, но не прецизираат за точен датум.
Слично
