Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога ќе се стабилизира инфлацијата?

Кога ќе се стабилизира инфлацијата?

Зголемувањето на цените ќе трае до Нова Година. Се очекува идната година инфлацијата да се стабилизира и да биде пониска.

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска вели дека инфлацијата досега е во умерени рамки, но Централната банка веќе направи нагорна ревизија на стапка на инфлација од 1,5 на 2,2 отсто. Ангеловска Бежоска објаснува дека ние сме мала и отворена економија. 

„Голем број на фактори влијаат на инфлацијата. Има фактори на страна на понудата, тука пред сè се увезените цени на коишто ние како економија немаме влијание и многу е важно што ќе се случува со побарувачката“, додава гувернерката Ангеловска Бежоска.

Во земјава поскапе струјата, горивата, храната. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести