Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога ќе се либерализира железничкиот сообраќај?

Кога ќе се либерализира железничкиот сообраќај?
Одложувањето на либерализацијата во железничкиот сообраќај и одложената либерализација на пазарот на електрична енергија – Брисел ги нотираше како слабости на Македонија во извешатјот што деновиве беше објавен. Иако се најавуваше либерализација во железничкиот сообраќај, за влез на приватни компании што  ќе можат да вршат превоз во железницата, сепак тоа не се случи. Владата во последен момент реши да ја одложи либерализацијата и да го стопира влезот на конкуренцијата во железничкиот сообраќај се до влезот на земјата во Европската унија. На ваквиот потег остро реагираа компаниите кои имаа интерес да влезат во овој бизнис, но власта не се откажа од идејата да не се дозволи влез на приватни компании во железницата, со оглед дека ако тоа сега се случи ќе значи крах за државното претпријатие МЖ-Транспорт, кое не било подготвено за конкуренција а доплнително процесот можел да предизвика и отпуштање на вработените од железницата.  Токму оваа постапка беше искритикувана од Брисел. Во извештајот на Европската комисјата пишува: „Подготовките во областа на транспортната политика се умерено напреднати.  Сепак потребно е натамошно усогласување во делот на безбедноста и железничкиот законодавството.  Проблем е  тоа што железничкиот пазар останува и натаму затворен“, стои во извештајот. Но, се одложи и  либерализацијата на пазарот на струја, бидејќи анализите на владата покажале дека доколку тоа се спроведе струјата ќе поскапи за 25% и за граѓаните и за компаниите.Па затоа овој процес беше стопиран, и новата најава за спроведување на либерализацијата на пазарот на електрична енергија беше дека овој процес ќе се случи најверојатно следната година. И ова одложување е посочено како слабост на земјава во извешатјот од Брисел. „Постигнат е одреден напредок во областа на енергетиката, особено во врска со енергетската ефикасност и регулаторната рамка за електрична енергија и пазарот на природен гас. Сепак се констатира дека напредокот за ефикасно функционирање на пазарот на енергија беше стопиран со тоа што се одложи либерализацијата. Подготовките во оваа област се умерено напреднати“, стои во извштајот. Иако владата под превезот дека ги штити граѓаните и компаниите со тоа што ја стопираше либерализацијата во енергетскиот сектор, или дека ги штити вработените во македонски железници како и самата железничка компанија која е во државна сопственост, сепак тоа наиде на критики не само од Брисел туку и од аналитичарите со оглед дека власта  и многу други закони како што се законот за медиуми или законот со кој се воведуваше дигитализација во медиумскиот сектор и покрај препораките на засегнатите страни и нивните барања тие процеси да се стопираат, сепак тоа не се случи. Дигитализацијата се спроведе, законот за медиуми се уште власта се обидува да го истурка и покрај реакциите дека ќе создаде хаос. Тоа велат аналитичарите е упатува на сомнеже дека власта има двоен аршин при носењето на законите. Едни се носат под превезот дека ги штитат граѓаните и компаниите, а во други случаеви кога граѓаните и компаниите реагираат дека со носење на некој закон ќе се созаде хаос, власта останува глува на таквите закони и тие стануваат дел од законската регулатива. Н.С.
Слично

Поврзани вести