Кога ќе биде следната лидерска средба Груевски-Заев?
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, по денешната лидерска средба излегоа без договор за ниту едно од неколкуте спорни прашања што требаше да ги разгледаат за излез од политичката криза во Македонија.
Уште, повеќе не се договорија ниту дали и кога пак ќе се видат. Заев остави одлуката за ова да ја донесе Груевски, како иницијатор на првата средба. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека најпрвин во партијата ќе го анализираат исходот од денешниот состанок, а потоа ќе одлучат дали и кога ќе има иницијативи за нови средби.
Она што е извесно е дека политичката криза во Македонија се поизвесно се движи кон нов безизлез. Уредниците на дел од медиумите во Македонија утрово за Фактор коментираа за тоа кои се мотивите за обидите да профункционира политичкиот дијалог во Македонија и дали тоа повторно ќе мора да се прави со вклучување на меѓународната заедница. Нивните ставови дадени пред лидерската средба, можете да ги прочитате на следните линкови:
УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Зошто Груевски и Заев седнаа на иста маса? (1)
УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали барањата на Заев до Груевски се издржани? (2)
УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали странци пак треба да помагаат за излез од политичката криза? (3)
УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали преговорите на Груевски-Заев се политичко дежа-ву? (4)
Слично
