Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога ќе користиме банкноти од 200 и 2000 денари и како ќе изгледаат?

Кога ќе користиме банкноти од 200 и 2000 денари и како ќе изгледаат?
Граѓаните со новите банкноти од 200 и 2.000 денари ќе можат да плаќаат до крајот на годинава, или на почетокот на 2017 година,  велат од Народната Банка за  Алфа. Од Народната Банка на Република Македонија велат дека  избрале компанија која е задолжена за печатење на парите и со неа потпишале договор. „Планирано е да се произведат по 10 милиони парчиња од секој апоен. Согласно досегашната динамика, се очекува новите банкноти да бидат пуштени во оптек кон крајот на 2016 година или почетокот на 2017 година, после донесувањето на соодветна одлука за пуштање во оптек“ – велат од НБМ. Банкнотите ќе бидат соодветно заштитени, ќе се печатат на специјална хартија во бела боја, со вграден воден печат, заштитна испрекината нитка со впишан текст НБРМ, видливи и невидливи влакна кои рефлектираат во жолта, сина и зелена боја под дејство на ултравиолетови зраци и зајакнати рабови за да се спречат физички оштетувања. На банкнотите од 200 денари ќе има мотиви од релјеф од виничките теракотни икони, како и елементи од челната фасада на Шарената џамија во Тетово. На банкнотата од 2.000 денари, на предната страна ќе стои македонска невестинска носија од Прилепско Поле, а на задната ќе има декорација од внатрешна страна на позлатен сад.  
Слично

Поврзани вести