Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОГА И МАТЕМАТИКАТА Е ПОЛИТИКА! Едни на протести, други штрајкбрехери!

КОГА И МАТЕМАТИКАТА Е ПОЛИТИКА! Едни на протести, други штрајкбрехери!
Кога училницата се сели на улица и се носат законски решенија кои се недоволно обмислени, неодмерени и со однапред непредвидени ефекти,  тоа е знак дека  алармот веќе одамна е вклучен и некој треба сериозно да се позанимава со решавање на проблемите-сметаат од Наставничкиот пленум. А,  во образованието, велат ги има многу! Наставниците  целосно го подржуваат Средношколскиот пленум  и нивните ученици кои покажале мудрост,  и знаење да ги препознаат грешките и проблемите но и храброст тоа отворено да го искажат на улица. Од Пленумот на наставници и професори  не сакаат да ја  коментираат изјавата  на Унијата на средношколци дека пленумите се нелегитимни, бидејќи  велат сите ученици треба да бидат на истата страна на улицата, онаму кадешто  треба да се борат за своите права и својата иднина. Одлуката на Министерството за образование и Унијата на средношколци, велат од Пленумот  е дискриминирачка за учениците од природно-математичкото и јазично-уметничкото подрачје во однос на учениците од општествено-хуманистичкото подрачје. Со оваа одлука според  наставниот кадар од Пленумот, практично на учениците од природно-математичката и јазично-уметничката насока им е оневозможен изборот -едните имаат математика, другите странски јазик како втор задолжителен предмет, додека за учениците од општествено-хуманистичкото подрачје вториот предмет на матура е изборен.  За нив е недозволиво ученици од исто училиште гимназија  да полагаат матура под различни услови. Според професорката Билјана Димковска од Наставничкиот пленум,  по начинот на кој се донесоа пакетот  закони за основно и средно, во отсуство од јавна дебата, длабока и целосна анализа на состојбите во образованието,  сосема е логично о природно незадоволството кај учениците и наставниците. Новите закони вели,  не се производ на заедничко согледување и креирање решенија кои ќе бидат применливи и апликативни за практичарите, ниту пак решенија кои ќе понудат квалитет во училницата и ќе водат кон подобри резултати во училиштата. “Поради отсуството  од екипирање на сите расположливи сили-стручни кадри, стратегија за јакнење на образовниот систем и програма за понатамошен развој на училиштата како основна клетка од каде почнува воспитнообразовниот  процес,  ни се случуваат протести, назадоволство и лоши реформи. Целиот образовен систем е изграден  врз погрешен концепт, наречен екстерно тестирање, а дополнително сега и новиот концепт на државна матура. Имамен неусогласеност помеѓу институциите во рамки на самото ресорно министерство  како Бирото за развој и Државниот испитен центар  во давањето насоки за остварување на воспитно- образовните цели и задачи и она што на крајот се очекува како исполнување на одредени стандарди, особено по однос на постигнувањата на учениците. Целиот труд некој сака да го оцени со  еден квиз тест од чии резултати зависи вреднување на целиот образовен систем: успехот на учениците, наставниците, училиштата, општеството.Ова е сериозен проблем кој треба веднаш да се реши”-вели професорката Димковска. Револтот  кај наставниците, потенцира   е се поизразен  поради фактот што целиот  сложен механизам на континуирано водство и проверка на знаењата се сведува на тест од 30 прашања со понудени одговори.Проблемите на кои Настваничкиот пленум неколкупати укажување се новите Закони за основно и средно образование,Законот за наставници, Законот за Академија на наставници како и според нив  нелегитимна спогодба што СОНК ја потпиша со министерството  без согласност со членството. Оттука, според професорката Димковска не треба да зачудуваат протести,  па дури и радикализација на делувањето на Пленумот. Екстерното тестирање, вели е еден од начините да се провери степенот на исполнување на стандардите во образованието во многу образовни системи, па и кај нас. Но  таквото тестирање, додава, го спроведува државата, на национално ниво или е дел од меѓународни проекти со цел да се преиспитаат воспитно образовните цели на национално ниво и дидактички стратегии со помош на кои целите би се оствариле. “Она што во нашиот образовен систем е уникатност е екстерното тестирање секоја учебна година за сите ученици од трето одделение до четврта година средно образование и што резултатите од еден ваков парадоксален тест се основа за градење цел еден образовен систем на национално ниво.Меѓународните  искуства од  Англија, Словенија, Р. Финска, Германија, Австрија говорат дека екстерното има само формативен карактер заради слабостите:, бидејќи  знаењата за стварноста се редуцираат врз основа на мерливите знаења и компетенциите се осиромашуваат за оние димензии кои не се објективно мерливи. Најмногу приговори се однесуваат на конструкцијата на тестовите  во Англија  и предизвикување на стресни ситуации кај децата”-потенцира професорката Билјана Димковска. Незаконската и ненаучната основа на екстерното тестирање според неа се состои во  оценката 1 како (не) преодна оценка и  невалидноста на екстерниот тест.  Валиден, адекватен и точен, објаснува Димковска, е оној инструмент кој го мери само она за кој е наменет – во овој случај само  знаењата на учениците. “Тука се поставува прашање: што со објективно немерливите знаења? Пр:  9одд. програма по македонски јазик : 1/3 од годишниот фонд наставни часови е предвидена за култура на говор, писмено изразување, есејски прашања, дебати, дискусии, практична работа, истражувачки проекти...Што е со способностите, вештини, ставови, заложби, интересите, чувствата  и пред сé – одговорноста.Нелегитимоста на екстерниот тест се состои во начинот на поставување на прашањата, во понудените одговори, во увидот во резултатите, во банката на податоци непроменета со години, во бројот на тестирани ученици различен за секој наставник (1-40), кој директно влијае врз оценувањето на наставниците, имликации врз кариерниот развој и.т.н.Поради последиците од екстерното тестирање и имликациите врз учениците (успехот, можности за понатамошно школување), наставниците(имликации по авторитетот и кредибилитетот на наставникот, неговиот професионалниот и кариерен развој, дискриминација по однос на плата – систем на награди заснован врз погрешен концепт, работата на училиштата ( лоши резултати од екстерно водат кон лошо работење на училиштето и секако кон општеството  поради погрешен систем на вредности на ниво на поединец кое  води кон искривени општествени вредности”- додава професорката Димковска од Наставничкиот пленум. Според неа,  треба да се обезбеди внесување нови методи, форми и средства во наставата, бидејќи  наставникот неможе да постигне се  што од него се очекува. Во училиштата објаснува Димковска,  сеуште нема учебници по одделни предмети,  а има администрација која на наставникот не му дозволува да биде наставник. Дополнително,  вели се создава  искривен концепт за вреднување на успехот на учениците  со сериозни    имлкикации врз нив и нивното понатамошно едуцирање. Во отсуство на акредитирани програми за стручен развој, примена на       странски искуства за кариерен развој на наставниците кои не се во согласност со нашите културни и традиционални вредности, систем на казни за наставниците, чести законски измени, непознат за ниту еден образовен систем во светот, засилена улога на инспекторатот, на сметка на советодавните органи,  наставникот е ставен на маргините на образовниот процес. Државната матура која дополнително го подгреа незадоволството според професорката од Пленумот, треба да биде предмет на ревизија и сите засегнати страни да бидат вклучени во истата. “ Математиката не се изучува подеднакво дури ниту во гимназиските паралелки со подеднаков број часови седмично во сите насоки. Тогаш како да се надополни она што едни го учеле 4 години а другио за првпат ја среќаваат таа материја? Зборовите на министерот дека прашањата ќе бидат лесни не водат кон решение. Тогаш зошто постои ваков испит со лесни прашања? Целта веројатно не е заокружување на средното образование врз основа на лесни тестови, туку квалитетно изработени барања за да матурантите излезат од училиштата со квалитетни знаења кои ќе бидат применливи” -потенцира проф. Билјана ДИмковска. Грешките и слабостите додава,  треба да се бараат  во системот и отсуството  од стандарди кои нема да бидат присутни на хартија, декларативно, туку ќе бидат дел од работата на училиштата. Затоа,  таа вели дека  мора многу сериозно да се  даде придонес кон градење на нов образовен систем заснован врз изработка на НОВИ ЗАКОНИ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ  во кои ќе учествуваат практичарите и сите кои учествуваат во процесот на воспитание и образование: ученици, родители, стручни лица од високите школи, претставници од ресорните министерства и сите расположливи компетентни кадри.  Само на тој начин објаснува професорката, учениците ќе излегуваат од училиштето со применливи знаења, оспособени за живот и работа во современо општество. Наставниците од Наставничкиот пленум, додава   имаат доволно знаења и капацитет да бидат рамноправен партнер во она што се нарекува темелна ре форма во основното и средното образование. С.Б.
Слично

Поврзани вести