Кога ексцентричен милијардер заглавува во сообраќај ќе гради тунел под Лос Анџелес
Откачениот претприемач Елон Маск го најави досега најескцентричниот „Проект за бушење“ откако се наведува дека заглавил во сообраќајот во Лос Анџелес. Затоа решил да изгради подземен сообраќаен тунел со кој полесно и побрзо ќе стигнува во своите канцеларии во округот Креншо каде е седиштето на Space X.
Јавноста прво се сомневаше дека Маск се шегува, но тој на социјалните мрежи потврди дека е сериозен во овие намери, па дури проценува дека Лос Анџелес иако важи за многу трусно подрачје може да има и подземна железница.
Од Канцеларијата за градско планирање на Лос Анџелес велат дека Елон Маск не ги контактирал и дека за бушење тунел под јавни површини треба да добие посебна дозвола, но тие се подготвени да му дадат целосна поддршка во проектот кој се проценува на неколку стотина милиони долари.
