КОГА Е НАЈДОБРО ЗА ОДМОР: Паѓаат цените на сместувања во Бугарија и Грција и до 50%
Традиционално на крајот на летото на бугарското крајбрежје на Црното Море можеме да одмараме по пониски цени од оние во активната туристичка сезона. Пониски сепак ќе бидат и цените во Грција. Каде е попрофитабилни?
Голем дел од хотелите во Црното Море веќе нудат многу пониски цени отколку во шпицот на сезоната. Цените ќе се пониски за 10 до 15% пониски во споредба со активната туристичка сезона од почетокот на септември.
Специјални ценовни пакети хотелиерите имаат понудено и за бугарските туристи покрај септемвриските празници - околу 6 и 22 септември.
Традиционално одморот поевтинува најрано на југ - во малите туристички гратчиња и Селце. Во Приморско пример повеќето хотели ги намалија цените за 10-15% уште пред недела-две. На места ноќевањата се поевтини за 20 отсто од 22 август. Бонуси има за семејства со деца.
Во големите туристички летувалишта поевтинувањето на морето ќе се случи малку подоцна поради тоа што базата во моментов е сеуште 100% целосн исполнета. Ова се однесува за хотелите со повисока категорија при ол-инклузив аранжмани. Во хотелите со помалку ѕвезди и одмор на база ноќевање со појадок поевтинувањето пчнува од оваа недела.
Во северна Грција сезоната се очекува да трае до средината на октомври. По 1 септември цените таму исто паѓаат, и тоа со 50%. Туроператори дури нудат 4 ноќевања п цената од 65 лв. И тоа на првата ред, со кујна.
Искуството покажува дека за една обилна вечера п човек одат околу 15 евра - со пиво и узо. Лежалки и чадори традиционално се бесплатни - со потрошувачка од барот. А таму вода и фрапе чинат 3 евра.
