Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога бугарскиот патријарх ќе ја посети Македонија?

Кога бугарскиот патријарх ќе ја посети Македонија?

Патријархот на бугарската православна црква Неофит треба да ја посети Македонија откако доби и официјална покана од македонскиот и охридски архиепископ г.г.Стефан. Неофит во интервју за бугарски Бгнес открива дека ќе ја посети Македонија кога за тоа ќе дојде време и дека БПЦ ќе ја исполни својата должност кон барањата на МПЦ-ОА за да ја застапува како црква-мајка.

Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев и двајца митрополити на БПЦ на Македонија и Бигорскиот манастир, патријархот Неофит го оценува како „радосна вест“.

На прашањето дали по топлиот пречек, наскоро може да се очекува заедничко сослужение меѓу БПЦ и МПЦ-ОА, патријархот Неофит вели дека „тоа што се случи е радосно, но деталите ќе се разгледуваат во иднина во меѓуцрковните односи“.

Претседателот Румен Радев, потсетува Бгнес, заедно со пловдивскиот владика Николај и старозагорскиот Кипријан, изминатиот викенд беа пречекани со биење на камбани и мноштво народ во најголемиот македонски манастир - Бигорскиот. Тоа беше и прва посета на некој странски претседател на бигорската обител. Пред да го посетат манастирот, двајцата бугарски митрополити имаа средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.


Слично

Поврзани вести