„Кофикаб“ ќе гради во Кавадарци – во тек е огласот за првите вработувања
Премиерот Никола Груевски вчера најави, министерот без ресор денеска Веле Самак откри - компанијата од Тунис што ќе инвестира во Кавадарци е „Кофикаб“ која е меѓу првите три во светот за производство на електрични кабли за автомобилската индустрија.
Саамак откри дека кон средината на декември ќе почне браунфилд инвестиција, а во тек е огласот за првите вработувања.
„За три години ќе има 150 вработувања, 150 среќни семејства. Кофикаб беше прв на листата произведувачи на кабли. Тие ја видоа големината на локалниот пазар, летово донесоа одлука да инвестираат. Фирмата се наоѓа во постоечка локација во Кавадарци, од каде во средината на декември почнуваат со достава на кабли кон „Дрекслермаер“, а за кратко време и до „Кронберг и Шуберт“, објави Самак.
Како што веќе извести Груевски, вообичаено оваа компанијата гради производствени капацитет во близина на фабриките на Дрекслермаер, бидејќи работат партнерски, а на тој начин се кратат трошоците за транспорт.
„Кофикаб“ е членка на Елоуни груп и покрива 13 отсто од светскиот, односно 30 проценти од европскиот. „Кофикаб “ произведува за компании како Мерцедес, Фолксваген, Пежо, Ситриоен, Рено, Фиат, БМВ, Форд, а во 2010 година има обрт од 550 милиони евра.
Првата фабрика е изградена во Тунис во 1992 година, а во сега има погони во Португалија, Мароко, Романија. Според најавите на македонските власти, догодина, оваа компанија сака да изгради и гринфилд фабрика за кабли.
Слично
