Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кое министерство ќе плаќа 11.200 евра за струја просечно месечно?

Кое министерство ќе плаќа 11.200 евра за струја просечно месечно?

И покрај тоа што Македонија има сопствена берза за струја која успешно работи година и половина, сите државни институции, установи, болници, школи, градинки и други установи плаќаат струја според цената што се постигнува на берзата ХУПЕКС во Унгарија

Министерството за надворешни работи (МНР) на тендер одбра понудувач од кој ќе купува струја за своите потреби во наредните 12 месеци. За набавка на струја за своите потреби МНР ќе плати вкупно до 134.000 евра. Од тоа 113.820 евра се наменети за електрична енергија и уште 20.490 евра за ДДВ.Договорот за јавна набавка е достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/contracts/0

Старо е тоа што сите државни инстуции, па и болниците, општинските комунални претпијатија и школите ќе продолжат да плаќат струја по берзански цени иако не се комерцијални субјекти.

И како и досега ќе плаќаат по просечна дневна берзанска цена постигната на берзата за струја ХУПЕКС во Унгарија. И тука нема промена иако Македонија подолго од една година има своја сопствена Берза за електрична енергија која работи на Пазар затргување по принцип „Ден однапред“ и функционира во рамки на националниот Оператор за пазар на електрична енергија (МЕМО).

И покрај тоа што сите институции, школи, болници и други јавни установи плаќаат струја по цени од ХУПЕКС истовремено плаќаат и такса за работењето на МЕМО востановена со закон и утврдена како јавна давачка од Регулаторната комисија за енергетика.

На тендерот за струја МНР ќе плаќа трговска маржа која изнесува 7,95% од вредноста на струјата што ќе ја потроши ова министерство. Тоа значи дека за снабдувачот што бил најдобар на тендерот и понудил најниска ,маржа за својата услуга на МНР ќе му наплати нешто над 8.000 евра (односно 7,95% од вредноста на струјата).

 Според договорот за набавка на електрична енергија МНР нема обврска да плати трошок на царина, за закуп на прекуграничен капацитет ако струјата е од увоз, за балансирање и планирање и номинирање потрошувачка на струја.

Но затоа освен таксата спрема МЕМО, МНР ќе си плати и за мрежарина на МЕПСО и на Операторот на дистрибутивната мрежа на ЕВН, но и такса која се издвојува за сите повластени домашни производители на струја од обновливи извори. 

Р.Ф.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести