Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕијас: Територијалните води постепено ќе се прошират на 12 милји

Коѕијас: Територијалните води постепено ќе се прошират на 12 милји

Грција и Албанија се пред финализирање на договорот за морската граница или како што ја нарекуваат ексклузивната економска зона, потврдил грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

Тој во интервју за радиото Њус24/7 Коѕијас кажува детали околу тоа што очекува официјална Атина од преговорите.

„Ние сакаме да имаме 100 отсто влијание на островите, особено оние околу Крф и пред се Отон. Ова го велам затоа што, во договорот од 2009 година, добивме влијание од 100 отсто. Но, Уставниот суд на Албанија констатира дека во договорот што Константин Караманлис го направи во 1997 година со Италија, влијанието што самиот Караманлис го даде за Отон беше 70 отсто. Како резултат на тоа, постои правна тешкотија, но верувам дека ќе го надминеме до максимум“, кажал Коѕијас.

Тој потенцирал дека понатамошното ширење на територијалните води до 12 милји, грчкиот министер изјави дека тоа ќе биде постепено. 

-По децении, тоа ќе биде првпат, Грција да го прошири својот територијален хоризонт, кажал Коѕијас.

Слично

Поврзани вести