Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕијас остава простор за оставка по дуелот со Каменос

Коѕијас остава простор за оставка по дуелот со Каменос

Никос Коѕијас, министерот за надворешни работи на Грција оставил отворена можност за оставка по дуелот со колегата од ресорот за одбрана Панос Каменос, објавуваат грчките про-опозициски медиуми.

Ваквата реакција се должо по жестоката расправа на која Коѕијас му префрлил на Каменос дека не може да се меша во неговиот ресор и дека тој не е задолжен за надворешната политика на земјата.

Во моментов премиерот Алексис Ципрас е меѓу два огна. Од една страна Коѕијас е потписник на Преспанскиот договор, а од друга страна потребенм му е Каменос во владината коалиција како лидер на помалиот партнер „Независни Грци“.

Неизвесна е одрживоста на владината коалиција по овој вербален дуел во вторникот, кога Коѕијас порано го напушти премиерскиот кабинет по жестоката расправија, а допрва треба да има гласање за ратификација на преспанскиот договор без претходно да се одржат вонредни парламентарни избори до тогаш.



Слично

Поврзани вести