Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕијас: Нова демократија и ВМРО се хранат со проблемите

Коѕијас: Нова демократија и ВМРО се хранат со проблемите

Министерот за надворешни работи  на Грција, Никос Коѕијас во интервју за „Ефимерида тон синдактон“ вели дека Нова демократија и ВМРО се хранат со проблемите, а тие со решенијата. 

Тврди дека опозициите во двете земји користат говор на омраза. 

 „Ја негуваат политичката омраза во сите нејзини димензии: како во внатрешноста, така и во меѓудржавните односи. Нова демократија го отфрла договорот со образложение дека сѐ му предадовме на Скопје. Иванов и неговата партија не го ратификуваат договорот бидејќи, наводно со тоа, неговата земја и се потчинува на Грција. Ако се поврзат овие работи, лесно може да се заклучи дека и во двете земји се работи за партии што се хранат со оваа реторика, со нерешавањето на проблемите, со неактивноста“ – вели шефот на грчката дипломатија. 

Тој  упатува порака до сите оние граѓани во Грција, кои што не се согласуваат со Договорот, „да го прочитаат и да го проучат подобро“ и да видат „дали навистина се реални опасностите на кои што се повикува опозицијата“.

Коѕијас уште еднаш повторува кои се следните чекори и во двете земји согласно Договорот, за потоа „заедно да се справиме со говорот на омраза, бидејќи сакаме да живееме во мир со народот од соседната земја“.

Слично

Поврзани вести