Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕијас ќе реферира кај Штајнемејр

Коѕијас ќе реферира кај Штајнемејр

Извори од ЕУ информираат дека шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас по состанокот со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и оној со министрите за надворешни работи на ЕУ, ќе отпатува во Германија каде ќе биде примен од страна на германскиот претседател, Франк Валтер Штајнемејр.

Во меѓувреме, деновиве во јавноста циркулира нацрт „нон-пејпер“ изработен од Франција и Холандија во ЕУ во кој овие две земји се изјаснуваат против старт на преговори со Македонија и Албанија. Како што јави МИА вчера, дипломатски извори од други земји членки велат дека не се изненадени од овој документ и дека нината позиција им е позната на сите во ЕУ, но дека тоа „не нѐ загрижува многу“.

Повеќе земји членки на ЕУ, меѓу кои и Германија, отворено се залагаат за старт на преговори со Македонија доколку се реши спорот за името со Грција. 


Слично

Поврзани вести