Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕијас: Договорот е добар, вин-вин и урамнотежен

Коѕијас: Договорот е добар, вин-вин и урамнотежен

Надеж дека граѓаните ќе гласаат позитивно на референдумот изрази грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас во интервју за рускиот весник „Известија“, бидејќи смета дека договорот е добар, вин-вин и урамнотежен. 

„Мислам дека референдумот е еден дел од ратификацијата на договорот согласно со одлуките на раководството на Северна Македонија. Треба да се добие референдумот за да биде ратификуван договорот. Интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ е избор на оваа држава. Ние едноставно нема да ги спречиме и ќе им помогнеме на нивниот европски пат. Да знаете дека решението на овој проблем им служи на националните интереси на Северна Македонија и на Грција. Тоа е проблем што формално постои 25 години, а реално 75 години“- вели Коѕијас. 

Интервјуто е направено по повод неговата посета на Москва и средбата со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров

Слично

Поврзани вести