Коѕијас бара ерга омнес за позитивен договор за името
Министерот за надворешни работи на Грција од Брисел по Советот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, вели дека треба да биде сфатено од другата страна дека треба да се согласи за ерга омнес.
Тој повикува да одиме кон сеопфатен, позитивен договор.
„Ставивме јасно до знаење дека за ПЈРМ да добие покана за НАТО, ќе треба да ја имплементира одлуката од Букурешт од 2008, како и резултатите од преговорите. Треба да биде сфатено од другата страна дека треба да се согласи за ерга омнес и да одиме кон сеопфатен, позитивен договор“ - изјави Коѕијас јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, Кирјакос Мицотакис изјави денеска дека решение за името не може да постои без Македонија да го промени Уставот и комплетно и неповратно да ги отстрани сите елементи на иредентизмот.
Слично
