Коѕиас уверен дека до јуни името ќе се реши
Министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас денеска изјави дека Грција наскоро ќе излезе со проект, ќе понуди предлог решение за деценискиот спор за името со Македонија, пренесува Ројтерс.
Тој вели дека „Александар Велики ни ја покажал потребата дека Гордиевиот јазол треба да се расчисти“.
„Во одреден момент, треба да го завршиме ова прашање“- додал Коѕиас.
На прашањето каков е планот на Грција, ако проблемот не се реши до месец јуни 2018 година, министерот за надворешни работи изјавил дека до тогаш спорот “ќе биде завршен”.
„Сакаме да го решиме проблемот. Тоа е во наш национален интерес и интерес на регионот, бидејќи ќе обезбеди стабилност, безбедност и економски раст“- вели Коѕиас.
Што се однесува до планираниот проект, Коѕиас изјави дека тој нема да го содржи само грчкото гледиште, ниту пак ќе биде компромис, туку ќе биде основa, врз која двете земји да соработуваат.
