Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕиас сака да не крсти со споено име Република ГорнаМакедонија?

Коѕиас сака да не крсти со споено име Република ГорнаМакедонија?

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, на средбата вчера во Атина со специјалниот пратеник на ОН,  Метју Нимиц, го предложил името „Република ГорнаМакедонија” без англиска транскрипција, како прифатливо решение за спорот со името, објавија грчки медиуми.

Грчкиот портал iefimerida.gr во четвртокот пишува дека од четирите предложени имиња од медијаторот Метју Нимиц Грција предлага кованица, во која зборот Македонија би бил споен со придавката горна.

До 20 март договорот за ова треба да биде предаден во ООН, тврдат изворите на весникот.

Од неколкуте предлози за ново име предложени од Нимиц, Грција најмногу била за Република Вардарска Македонија, а македонската страна за Република Нова Македонија, па како компромис излегло името Горна Македонија. Но, и на ова име, Грција го предложила името Република ГорнаМакедонија (споено и така да се изговара, за да се избегне посебниот изговор на Македонија), пишуваат грчките медиуми.

Но, овие пишувања на грчките медиуми деновиве некои ги коментираат како провокација и шпекулација. 

Нимиц денеска ќе се сретне со претседателот, Ѓорѓе Иванов, премиерот, Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Слично

Поврзани вести