Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕиас: Европа мора да ги едуцира лидерите во Скопје за концептот на политички компромис

Коѕиас: Европа мора да ги едуцира лидерите во Скопје за концептот на политички компромис

Новата влада ја потсмирила реториката и има покоректна комуникација, но сепак ништо суштински не е сменето, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас во интервју за „Еуроактив“. 

Тој вели дека за време на својата посета на Скопје во август, ќе разговара со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, за прашањата што не биле отворени на средбата во Атина, меѓу кои најверојатно и спорот за името.

„Проблемот е нешто што самата Европа мора да го разбере. Европа мора на добар начин да ги едуцира лидерите во Скопје за концептот на политички компромис и за културата на политички консензус. Кога станав министер за надворешни работи, им кажав на сите страни дека на некој начин „ги разгаливме“, бидејќи несоодветното однесување кон нас ќе го применат и во домашната политика. Сите видовме како Груевски го примени истиот концепт во својата земја“– вели Коѕиас.

Тој, исто така, додава дека им порачал на своите пријатели во ЕУ да не создаваат „втор Груевски“, затоа што Заев ги има сите услови да разбере и да се отвори кон реално решение.

Грчкиот шеф на дипломатијата се надева дека ќе биде избегнато мешањето на трета страна што според него само ќе отежне. 

Слично

Поврзани вести