Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОД: Мазутот од Супертрејд за РЕК Битола со повеќе вода и суплементи, откри инспекторатот, компанијата негира

КОД: Мазутот од Супертрејд за РЕК Битола со повеќе вода и суплементи, откри инспекторатот, компанијата негира

16 јуни годинава, 5 цистерни полни со мазут требало да ја поминат царинската управа. Крајна дестинација им бил најголемиот производител на струја во земјава, државната РЕК Битола.

Цистерните биле од увозникот Супертрејд фирма кај која инспекторатот веќе претходно утврди неправилности кога истата се обиде да внесе мазут кој не ги исполнуваше стандардите, односно имаше повеќе вода и пепел во него, објави емисијата Код на Телма. По објавата реагираа од „Супертрејд“ од каде велат дека станува збор за невистини и смислени тези и дека мaзутот увезен од „Супертрејд“ и дистрибуиран, до крајниот потрошувач во целост одговара со утврдената регулатива и е во 100 отсто во состав согласно утврдените критериуми од страна на државата.

Во објавата стои дека после пишувањата на КОД за се позачестениот увоз на опасно масло наместо мазут, царината и инспекторатот потпишаа меморандум – дека ќе соработуваат. Сега за секој увоз на гориво, царината ги известува инспекторите за да се провери дали е потенцијална еколошка опасност течноста која е товарена во цистерните.

Така било и минатата среда. Инспекторите одлучиле да не се задржуваат цистерните за да нема застој, но конвојот со патрола бил пречекан пред вратите на РЕК Битола.

Таму од сите цистерни се земени примероци за да се истражи што ќе соогорува рекот при неговото производство.

Мострите се однесени во акредитирана лабораторија, а од РЕК Битола за КОД известиле за резултите.

“На 25 јуни до АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола доставено е Уверение за квалитет на масло за горење – мазут, според кое во земениот примерок сите испитувани карактеристики : Густина на 15 степени Целзиусови, Точка на палење – затворен сад, Кинематска вискозност на 100 степени Целзиусови, Содржина на сулфур, Содржина на кокс, Содржина на пепел и Топлина на согорување и се во границите на дозволеното. Во примерокот, единствено карактеристиката вода и седименти отстапува од најновиот Правилник за квалитет на течни горива и македонскиот стандард за квалитет на масла за горење” – тврдат од РЕК Битола за Код.

Но, КОД дознава дека во меѓувреме и државниот инспекторат за животна средина и наложил на државните електрани да си ги испитаат примероците кои ги имаат во своите складишта во РЕК Битола.

Таму во моментот на испитувањето се чувале 313 тони залиха на мазут од фирмата Супертрејд која според податоците од РЕК Битола ја снабдува скоро две годинии и од овие примероци се земени мостри за проверка.

Реагираа од Супертрејд.

„Доколку согласно некоја регулатива овој производ не ги задоволува условите, тогаш треба да се смени регулативата, која уште еднаш потeнцираме, ја носи државата. Дека целта е неоснован напад и нарушување на угледот на нашата компанија говори и фактот што во прилогот е спомнато и горивото на „Супертрејд“, велат оттаму.

Код објави дека РЕК Битола не бил единствената мета за проверка на крајните потрошувачи на мазутот кој доаѓа од сомнителните увозници.

И поранешно кавадаречко Фени а сега Еуроникел го троши во големи количини како гориво за производтсвото и од тамошните резерви биле земени мостри. Резултатите покажале дека во мазутот кој го користат има повеќе вода од дозволениот 1 процент но не се знае кој е точно увозникот.

Проблем е што Еуроникел набавува од повеќе фирми па не може да се следи трагата на оној кој го донел баш тој мазут кој бил затечен во резервоарите.

КОД, кој се емитува на ТВ Телма објавија и за наодите на инспекторите дека пумпите Гулф на Супертрејд и пумпите на Евроактива имале бензин со помалку октани и дали се почитувала забраната да не се точи истиот.

Се чека на третата супер анализа која треба да утврди дали бензинот имал 95 или 94 октани, стои во објавата.


Слично

Поврзани вести