Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коцијанчич со порака до балканските земји да ги негуваат добрососедските односи

Коцијанчич со порака до балканските земји да ги негуваат добрососедските односи

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, по изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можно обединување на Албанија и Косово, изјави дека е „најважно да се одржат добри соседски односи и соработката со сите мора да биде рамноправна“.

Таа нагласи дека каква било форма на политичко влијание е штетна за зацврстување на добрососедските односи.

„Како што е неодамна потврдено во Европскиот совет, регионот на Западен Балкан има јасна европска перспектива. За да ја постигнеме таа цел соработуваме со сите партнери во регионот, без да се отстапи од принципот на помирување и регионална соработка“-вели Коцијанчич.

Албанскиот премиер Еди Рама вчера во интервју за бриселскиот весник „Политико“ изјави дека ако перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ продолжи да се намалува, тогаш би можело да се случи и обединување на Албанија со Косово.

Слично

Поврзани вести