Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кочо Анѓушев нов вицепремиер за економски прашања?!

Кочо Анѓушев нов вицепремиер за економски прашања?!

Кочо Анѓушев нов вицепремиер за економски прашања?!

Во очекување лидерот на СДСМ, Зоран Заев да го добие мандатот за состав на нова Влада, по што и официјално би почнале преговорите за поделбата на ресорите меѓу партиите од сегашното парламентарно мнозинство,  Фактор од политичките кругови дознава дека на местото вицепремииер за економски прашања најверојано ќе биде назначен бизнисменот Кочо Анѓушев.  

Иако, ваквата информација засега нема официјална потврда, сепак нашите извори брифираат дека за оваа позиција идејата била да се најде човек кој ќе доаѓа од бизнис секторот. Според сознанијата – намерата била предлогот за оваа позиција да го дадат стопанските комори и на тој начин да се избере личност која најрелевантно ќе го претставува бизнис секторот. Со оглед дека веќе долго време владата неможе да се формира, а ваквиот предог од поодамна бил ставен на маса пред стопанските комори, тоа остави и простор за поголеми и подолготрајни лобирања од одредени бизнисмени кои ја таргетирале оваа позиција. Нашите извори велат дека сепак во таквата лоби битка, најголемо било влијанието токму на Кочо Анѓушев, кој најверојатно и ќе биде предлогот на коморите за вицепремиерската позиција.

Сепак, дел од стопанствениците се зачудени од ваквиот предлог, со оглед дека, ако се земе во предвид влијанието на стопанските комори во изминатите години, јасно е дека, единствено Стопанската комора на северозападна Македонија – остана доследна во нивните ставови и укажувања за погрешните политики на владата кои директно го задираа приватниот сектор.

Сојузот на стопански комори на Македонија, каде во одреден временски период заменик претседател беше бизнисменот Сеад Кочан беше комора што речиси постојано застануваше во одбрана на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак Стопанската комора на Македонија, предводена од Бранко Азески, веќе подолго време или молчеа или ги омекнаа ставовите особено кога стопанството се соочуваше со проблеми во функционирањето и нивни гости се почесто стануваа владините функционери.  

Токму од оваа позиција, дел од стопанственците сметаат дека можеби позицијата вицепремиер за економски прашања би требало да припадне на Стопанската комора на северозападна Македонија - особено што на тоа место би застанал бизнисмен со албанска националност, кој иако би бил без политичка позадина, сепак би можело да се смета за висока позиција при партиската поделба на ресорите, односно да ги релаксира преговорите во поделбата на позициите.

Она што дополнително може да биде проблематизирано е беграундот на Кочо Анѓушев со бизнисот со струја што тој го има. Со оглед дека поседува компанија за трговија со струја, што е меѓу водечките во земјава – се отвора нов предизвик пред Заев, како ќе успее да ја убеди јавноста дека Анѓушев нема да има клучно влијание во креирањето на политики во енергетскиот сектор, поради можниот конфликт на интереси?

ВМРО-ДПМНЕ изминатите години добиваше остри критики во јавноста дека зголемувањато на увозот на струја и намаленото домашно производство е поради одредени бизнис релации во високите редови на партијата. При тоа, се забележуваше и на блискоста токму на вицепремиерот Владимир Пешевски, со негови луѓе од енергетскиот сектор, а критики имаше и на адреса на останатите функционери, со кои се врзуваше бизнисот со струја во земјава. Во енергетскиот сектор, во времето на  ВМРО-ДПМНЕ долго време се водеше и тивка војна меѓу челните луѓе на истурени позиции.

Р.Ф 


Слично

Поврзани вести