Кочо Анѓушев: Малите хидроелектрани спасуваат 6 милиони евра месечно
Бизнисменот Кочо Анѓушев за ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, според кој малите хидроцентрали добиле 4о милиони евра повеќе од пазарната цена на електричната енергија во изминатите години, вели дека е направен тотално нестручно.
- Ревизорскиот извепштај е направен тотално нестручно. Ќе си земам за слобода, но мислам дека имам право. Некој ги пресметал мегаватчасовите откако постојат хидроелектраните низ годините. Пресметале 80 евра по мегават час цената што ја наплатиле. Истовремено пресметал колкулку била цената на берза - 41 евро по мегаватчас. И направил разлика и така дошол до тие 40 милиони евра. Ама тоа не е така. Прво заборавил дека хидроелектраниве беа на тендер пред да почнат да се градат и за тоа авансно на државата и платија 17 милиони евра. Тие 17 милиони евра пред 10-15 години денеска се многу повеќе. Потоа извадете 2 отсто што плаќаат секоја година кон министерствата. Потоа цената на берза и цената во Македонија не е иста. Од берза за да дојде во Македонија не е 41 евро. Кога ќе го земете сетоа тоа, ќе видите дека ефектот не е баш таков, рече поранешниот вицепремиер за економски прашања во „Тема на денот“ на ТВ Сител.
Според професорот, студијата на ревизорите не е точна и фамата која се создала околу малите хидроцентрали е вештачка. вели дека е сопственик на 15 отсто од малите хидроелектрани, кои во овој период се во опортунитетна загуба затоа што продаваат електрична енергија за 80 евра по мегаватчас, а на слободниот пазар е 220-230 евра во моментов. Тоа, вели Анѓушев, спасува по 6 милиони евра месечно кај стопанството.
- Тие сите електрани заедно денеска во системот оставаат 200.000 евра или ако земете на месечно ниво - 6 милиони евра. За шест месеци тоа е 36 милиони евра. За сите тие години наназад, сега ги вратија тие пари за шест месеци. На енергетиката треба да се гледа долгорочно, тврди бизнисменот.
Од еколошки апсект, тој додава дека сега сме принудени да увезуваме јаглен и мазут. 3.936 мали хидроцентрали биле изградени во национални паркови во Германија. По изградбата на електраната, животната средина се ревитализира, смета Анѓушев.
