Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коцијанчиќ со повик до Косово: Веднаш да формирате влада

Коцијанчиќ со повик до Косово: Веднаш да формирате влада

Ги повикуваме сите политички партии во Косово да ја преземат одговорноста, да формираат парламент, да го изберат својот претседател и да формираат влада што е можно побрзо, повика портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ . 

Таа истакна дека Приштина нема време за губење и ги повтори условите потребни за Косово да напредува на патот кон европската интеграција. 

„Рековме претходно: Косово нема време за губење. Новата влада мора да започне со работа и да спроведува реформи во правниот систем и економијата, да ја спроведе визната либерализација и да се ангажира конструктивно во дијалогот со Белград“, рече портпаролката Коцијанчиќ .

Слично

Поврзани вести