Кочанските советници изгласаа покачување на платите за локалната администрација
Вработените во општинската администрација во Кочани, со одлука на локалниот Совет, добија зголемена вредност на бодот за 5%. Покачувањето беше усвоено денеска, а ќе почне да важи од 1 октомври.
Опозициските советници побараа расправата за оваа точка да се одложи, затоа што одлуката за покажување на платите на општинската администрација се носи во предизборие. Но, владејачкото мнозинство не го прифати ваквиот аргумент.
„Барам оваа точка да биде тргната, односно повлечена од дневниот ред, а за истата да расправаме по завршување на изборите“, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани. „Истото барање го поднесе и на Комисијата и не му беше усвоено. Тој не го гледа ефектот, тоа не задира во изборите. Покачувањето на вредноста на бодот ќе биде од 5% од 1 октомври“, рече Слаѓана Донева, член на Советот на Општина Кочани.Одлуката за покачување на платите на администрацијата во Кочани била одобрена од Министерството за финансии уште пред три години, но поради економската криза нејзиното реализирање било одложувано. Нема информации колку ова покачување на платите во апсолутен износ ќе го чини кочанскиот буџет.
Слично
