КОЧАНИ ВО ШОК: Маж ја прободел сопругата, после два дена се обесил
Кочани е во шок. Насилството во кочанско семејство од Белско маало заврши со смрт.
Сопруг (52) С.А. жестоко ја малтретирал сопругата и ја нападнал со нож при што ја прободел во десната рака и заминал од домот. После два дена се вратил и се обесил на терасата додека домашните спиеле.
Неговото безживотно тело го забележале соседите кои утрото тргнувале на работа.
Насилникот важел за пристоен човек кој живеел со неговата сопруга со која 30 години биле во брак, и со двете ќерки, а засега не е познато што се случувало во нивниот семеен дом во последните два дена.
Соседите во шок и неверување велат дека тој бил друштвен човек и досега вакво нешто не се случило таму.
Слично
