Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЧАНИ: Криејќи се зад полициска униформа се обидел да силува малолетничка

КОЧАНИ: Криејќи се зад полициска униформа се обидел да силува малолетничка

Облечен како службено лице во полициска униформа, напаѓач се обидел да силува средношколка во Кочани.

Осомничениот, му пришол не девојчето и побарал легитимација, односно лична карта, но девојчето кога му кажало дека нема, напаѓачот во полициска униформа ја однел до куќата каде престојувала и се обидел да извршил полов напад врз неа.

Како што пренесува Тв Стар девојчето е спасено во последен момент кога роднините од соседната куќа ги слушнале повиците за помош при што притрчале и го спречиле силувачот во намерата.

Ова не е прв случај на лажниот полицаец. Тој досега многупати се обидувал на ваков начин да силува малолетни девојчиња.

Има две кривични пријави за обид за силување и лажно претставување и тој веќе е со одреден притвор од 30 дена.

Пред да тргнете со некој полицаец некаде, можеби подобро ќе биде вие прво него да го легитимирате, поради опасноста од слични напади врз малолетни девојки.

Слично

Поврзани вести